19-ГОДИШНА ИТАЛИЈАНКА НАПАДНАЛА ПОЛИЦАЕЦ Инцидент во Градски парк, приведена странска државјанка
По целосно документирање на случајот, против Г.Ф. ќе биде поднесен соодветен поднесок до надлежното обвинителство.
Полициски службеници од СВР Скопје во раните утрински часови лишиле од слобода 19-годишна државјанка на Република Италија, откако физички нападнала полицаец при извршување службени дејствија во Градскиот парк во Скопје.
Инцидентот се случил на 02.07.2026 година околу 04:40 часот, кога полициските службеници преземале службени мерки кон лицето.
„При преземањето на службените дејствија, било констатирано дека Г.Ф. (19) нема регулиран престој во државата. По настанот, таа била веднаш лишена од слобода и спроведена во полициска станица“, велат од СВР Скопје.