СИНОТ НА ТЕУТА АРИФИ ПРИВЕДЕН ПОД СОМНЕНИЕ ЗА ДИЛАЊЕ ДРОГА Малолетникот во станица во придружба на татко му

При претрес на објект во Тетово, извршен со согласност на сопственикот, кој малолетникот го изнајмил и го користел под кирија, пронајдени се и запленети се 34 пакувања марихуана, кутија и кеса марихуана, како и едно пакување бел прашок, соопшти полицијата.

401

Тетовската полиција вчеравечер изврши претрес во еден изнајмен стан, како и во куќата на поранешната градоначалничка на Тетово Теута Арифи, по сомневања дека нејзиниот 16-годишен син е вклучен во продажба на наркотични средства, објави порталот на албански јазик „Алмакос“.

Според информациите на порталот, синот на Теута Арифи бил приведен во полициска станица, заедно со неговиот татко, актуелен судија во Врховниот суд. Информациите подоцна ги потврди и СВР Тетово.

„Според полициски извори, било пронајдено значително количество наркотици. Според наодите, дрогата била подготвена и била спакувана за продавање. Полицијата пронашла во станот на малолетникот готови кеси, 120 грама марихуана, подготвени запродажба и како и 1,5 грам чист кокаин“, пишува порталот.

Според соопштение на полицијата, на 16.4.2026 година во 22:05 часот, полициски службеници од Секретаријатот за внатрешни работи од Тетово лишиле од слобода 16-годишник од Тетово, поради сомнение за сторено кривично дело според член 215 од Кривичниот законик. При претрес на објект во Тетово, извршен со согласност на сопственикот, кој малолетникот го изнајмил и го користел под кирија, пронајдени се и запленети се 34 пакувања марихуана, кутија и кеса марихуана, како и едно пакување бел прашок.

Малолетникот е приведен во полициската станица и во присуство на родителот ќе се изврши службен разговор со него. По целосното документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.“ – се вели во соопштенито на полицијата.

Поврзани содржини