ПРЕДУСЛОВ ЗА СТАБИЛЕН БАЛКАН Е ВЛЕЗ НА ЗЕМЈИТЕ ВО ЕУ Грција ја реактивира „Солунската агенда“

Сметаме дека стабилноста, мирот на Балканот, како апсолутно неопходен предуслов го имаат влезот на државите од Западен Балкан во Европската Унија, рече Дендиас.

252

Сметаме дека за стабилноста, мирот на Балканот, апсолутно неопходен предуслов е влезот на државите од Западен Балкан во Европската Унија, посочи министерот за национална одбрана на Грција Никос Дендиас во неговиот говор пред припадниците на грчкиот контингент на КФОР во Косово, јави дописничката на МИА од Атина.

Во неговото обраќање пред припадниците на грчките сили се осврна и на регионот и европската перспектива.

– Како што знаете, нашата татковина, Грција, веќе децении го поддржува она што се нарекува „Солунска агенда“, што значи влез на Западниот Балкан во Европската Унија, во европското семејство. И ова е дипломатска цел што нашата татковина ја поддржува независно од владите, независно од партиите, независно од министрите. Сметаме дека стабилноста, мирот на Балканот, како апсолутно неопходен предуслов го имаат влезот на државите од Западен Балкан во Европската Унија, рече Дендиас.

Тој додаде дека грчките војници со нивното присуство таму овозможуваат „да има безбедност, да има мир, да има стабилност, нешто што е апсолутно неопходно, а „Солунската агенда“ нема никакво значење без ова“.

Поврзани содржини