НОВ БРАН НА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО Син ја малтретирал мајката, партнер избркал жена од дома, приведено едно лице

Физички напад, психичко малтретирање и закани пријавени во Битола, Куманово, Струга и Скопје во рок од 24 часа.

382

Пет случаи на семејно насилство се пријавени во изминатото деноноќие во неколку градови низ државата, при што едно лице било лишено од слобода.

Во Битола, полицијата го привела 43-годишниот Г.Б., откако физички ја нападнал својата мајка. Интервенцијата се случила во попладневните часови, а против него ќе следува постапка.






Во Куманово, 65-годишна жена пријавила дека нејзиниот 35-годишен син подолг период агресивно се однесувал и психички ја малтретирал.

Слична пријава пристигнала и од струшко. 56-годишна жена навела дека нејзиниот партнер со месеци ја малтретирал физички и психички, а последниот ден ја избркал од домот и ѝ ги одзел клучевите.

Во Скопје, 59-годишна жена пријавила дека нејзиниот поранешен сопруг ѝ упатувал закани неа и нивниот син на подрачјето на Центар.

Во уште еден случај во Скопје, 48-годишна жена пријавила дека нејзиниот поранешен партнер телефонски ѝ се заканувал нејзе, на нејзините деца и на нејзиниот поранешен партнер.

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на сите случаи, по што ќе следуваат соодветни пријави.

Поврзани содржини