РУСИЈА ПОДГОТВУВА НОВА ОФАНЗИВА ЗА ЦЕЛОСНА ОКУПАЦИЈА НА ДОНБАС На украинската одбрана очајно ѝ недостигаат одбранбени ракети
Москва произведува околу 60 ракети „Искандер“ месечно и го прошири капацитетот на својот систем за лансирање, додека на Украина ѝ недостасуваат доволно напредни системи за воздушна одбрана – вели шефот на украинското воено разузнавање.
Руските сили ги интензивираат нападите со балистички ракети врз украинските градови како подготовка за нова пролетно-летна офанзива, изјави заменик-шефот на украинската воена разузнавачка служба, Вадим Скибицки, за британскиот весник „Фајненшл Тајмс“ (The Financial Times).
– Москва произведува околу 60 ракети „Искандер“ месечно и го прошири капацитетот на својот систем за лансирање, додека на Украина ѝ недостасуваат доволно напредни системи за воздушна одбрана, како што е американскиот систем „Патриот“, за да ја покрие целата земја – рече Скибицки.
Според него, интензивирањето на руските ракетни и беспилотни напади е дел од поширок напор за уништување на критичната инфраструктура и подготовка за нова копнена офанзива на југоистокот на Украина.
Затоа, Русија ги користи своите стратешки резерви за да додаде 20.000 нови војници на своите сили распоредени во земјата, додаде Скибицки.
Со околу 680.000 војници кои моментално се на терен, Русија има за цел да го освои целиот регион Донбас до септември, додаде тој.