📷 📽️ ЗЕЛЕНСКИ ПРИСТИГНА ВО ИСТОРИСКА ПОСЕТА НА БЕЛГРАД Вучиќ и премиерот Мацут ќе се сретнат со украинскиот претседател
Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна во првата официјална посета на Србија од почетокот на руската инвазија, каде со претседателот Александар Вучиќ и премиерот Ѓуро Мацут ќе разговара за економската соработка, европската интеграција и безбедносните прашања.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна во Белград во својата прва историска посета на Србија од почетокот на руската инвазија врз Украина. Српскиот претседател Александар Вучиќ организираше неформална свечена вечера во негова чест, со што беше означен почетокот на посетата.
Зеленски преку објава на социјалната мрежа Икс соопшти дека денеска и утре ќе има важни разговори со претседателот Вучиќ и српскиот премиер Ѓуро Мацут.
– Пристигнав во Србија со мојот тим. За денес и утре се закажани важни разговори – со претседателот Александар Вучиќ и премиерот Ѓуро Мацут. Ќе разговараме за проширување на економските врски меѓу нашите земји, односите со Европската Унија, други области што можат да бидат корисни за нашите народи, како и за безбедносни прашања. Украина е секогаш подготвена да работи конструктивно, за заемна корист и врз основа на заемно почитување – напиша Зеленски.
I arrived in Serbia with my team. Important talks are scheduled for today and tomorrow – with President Aleksandar Vučić and Prime Minister Đuro Macut. We will discuss expanding economic ties between our countries, relations with the European Union, other areas that can benefit… pic.twitter.com/97FE3H3RBx
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) August 7, 2026
Посетата се оценува како значаен дипломатски чекор, имајќи предвид дека Србија останува единствената европска држава која не воведе санкции против Русија по почетокот на војната. Според анализата на Би-Би-Си на српски јазик, Белград со оваа средба се обидува да покаже конструктивен пристап кон Западот, без да се откаже од својата досегашна политика.
View this post on Instagram
Во исто време, Радио Слободна Европа потсетува на контроверзите околу индиректниот извоз на српска муниција која завршува на украинскиот фронт, но и на фактот дека Украина не ја признава независноста на Косово, што во Белград се смета за важен елемент на меѓусебното почитување на суверенитетот.
Посетата на Зеленски доаѓа во момент кога Сенатот на САД усвои нов пакет строги санкции против Русија. Американските сенатори со големо двопартиско мнозинство го изгласаа законот „Линдзи О. Греам“, кој предвидува нови економски мерки против Москва, како и можност за воведување високи царини за земјите што продолжуваат да купуваат руска нафта и природен гас.