ЗЕЛЕНСКИ ОДОБРИЛ 40-ДНЕВНА ОПЕРАЦИЈА ЗА „ПРИТИСОК ЗА КРАЈ“ Тврди дека Русија веќе ги чувствува последиците

Украинскиот претседател соопшти дека одобрил нова 40-дневна кампања против Русија. Според него, доверливи руски документи покажуваат дека украинските напади создаваат сериозен притисок врз Кремљ.

16

Украинскиот претседател Володимир Зеленски одобрил 40-дневна операција чија цел е да се зголеми притисокот врз Русија и да се забрза крајот на војната.

Одлуката ја објавил на Телеграм, посочувајќи дека Киев дошол до доверливи руски документи кои, според него, покажуваат дека украинската стратегија дава резултати.






– Одобрив 40-дневна операција за да се изврши притисок врз државата агресор да ја заврши војната – објавил Зеленски.

Тој тврди дека руското раководство чувствува сè поголем притисок поради украинските напади со среден и долг дострел.

Според Зеленски, меѓу погодените цели имало воени и енергетски објекти во близина на Санкт Петербург, објекти на воената индустрија во Воронеж и Чебоксари, како и нафтени и гасни капацитети во регионот Оренбург.

Дел од целите се наоѓале на повеќе од 1.200 километри од линијата на фронтот.

Украинскиот претседател додал дека на удар биле и комуникациски центри што ги користи руската армија.

 

Поврзани содржини