ЗАТВОРЕНИК ОДБИЛ ДА ГО ПРЕДАДЕ МОБИЛНИОТ Службеник во штипскиот затвор завршил со посекотини на главата
Пријавителот бил вербално нападнат од осуденикот со закани по неговиот живот и животот на неговото семејство, по што со стаклена чаша осуденикот го удрил пријавителот во пределот на главата нанесувајќи му телесна повреда-посекотина, се вели во полицискиот билтен.
Затвореник во затворот во Штип одбил да му предаде мобилен телефон на службеник од затворот и заканувајќи му се го удрил со стаклена чаша по главата, информираше штипската полиција.
„Според пријавеното, истиот ден околу 09.00 часот, додека пријавителот бил на своето работно место во КПУ Затвор-Штип заедно со други затворски полицајци, откако на осуденик му издал наредба да го предаде мобилниот телефон, бил вербално нападнат од истиот со закани по неговиот живот и животот на неговото семејство, по што со стаклена чаша осуденикот го удрил пријавителот во пределот на главата нанесувајќи му телесна повреда-посекотина“, се вели во полицискиот билтен.
Според соопштението, случајот бил пријавен во СВР Штип на 19 март во 09.32 часот. Подоцна нападнатиот службеник дошол во просториите на СВР Штип и пријавил кривично дело по чл.144 ст.4 од КЗ на РСМ.
„За настанот е запознат Јавен обвинител од ОЈО-Штип и се работи на расчистување на случајот“, информира МВР.