ЗАСТАРЕ ПРЕДМЕТОТ ПРОТИВ ЛАТАС ЗА ДАНОЧНО ЗАТАЈУВАЊЕ Обвинителството се откажало од обвинителниот акт за „Тотал“

Основниот кривичен суд Скопје информира дека е донесена пресуда со која се одбива обвинението за предметот откако надлежниот јавен обвинител се откажал од обвинителниот акт во целост.

0

Предметот „Тотал“ на поранешното Специјално јавно обвинителство, кој се однесува на даночно затајување од страна на новинарот Драган Павловиќ-Латас и три правни лица, заврши. Основниот кривичен суд Скопје информира дека е донесена пресуда со која се одбива обвинението за предметот откако надлежниот јавен обвинител се откажал од обвинителниот акт во целост.

Пресудата, како што информираат од Основниот кривичен суд Скопје е донесена на 27 мај годинава.






– Во конкретната постапка, која во овој суд се води од октомври 2017 година, обвинети се Д.П. Л. како физичко лице, и три правни лица од Скопје, за кривичното дело Даночно затајување. Предметот неколку пати почнуваше од почеток поради промена на надлежноста на јавниот обвинител и преземање на предметот од едно во друго обвинителство, за на последното рочиште, надлежниот Јавен обвинител, во завршен збор да се откаже од понатамошно гонење на обвинетите. Имено, обвинителот, имајќи ги предвид наводите во вештиот наод и мислење најпрвин направил измени во обвинителниот акт, по што утврдил дека за две од обвинетите правни лица во постапката, не се исполнети елементите кои го чинат законскиот опис на пријавеното кривично дело – Даночно затајување, додека за едно правно лице и за обвинетиот Д.П. Л. во меѓувреме настанала апсолутна застареност на кривичното гонење. Поради сето тоа, судот постапил согласно Законските одредби и ја донел наведената пресуда – се вели во соопштението од Основниот кривичен суд Скопје.

Пресудата од 25 јуни годинава е правосилна и веќе се изготвени решенија за трошоци на странките, а наскоро ќе биде објавена на веб страницата на судот.

Поврзани содржини