ЗАЕВ И ФИЛИПЧЕ ГИ ИЗБРИШАА ОДЛУКИТЕ НА АСНОМ СО КОИ Е КОНСТИТУИРАНА МОДЕРНАТА МАКЕДОНСКА ДРЖАВА За нив националното понижување е гордост

Од тие причини граѓаните им пресудија на 4 изборни цуклуси по ред, а на следните избори ќе добијат црвен картон и ќе исчезнат од политичкиот спектар во Македонија – рече Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

0

Зоран Заев и Венко Филипче ги избришаа одлуките на АСНОМ со кои е конституирана модерната македонска држава, за нив националното понижување е гордост – рече Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ на прес конференција.

– Заев и Филипче ги избришаа одлуките на АСНОМ, го променија знамето, името на државата, а сега на ред им се јазикот, идентитетот, културата и историјата. Заев и Филипче се ставени на услуга на Бугарија поради уцени од група бугарски политичари поради нивното криминално минато.






За Зоран Заев и Венко Филипче терминот „северномакедонци” е гордост и успех на нивната политика која не доведе да бидеме држава со која другите се потсмеваат, потценуваат и не гледаа како потчинети.

Од тие причини граѓаните им пресудија на 4 изборни цуклуси по ред, а на следните избори ќе добијат црвен картон и ќе исчезнат од политичкиот спектар во Македонија – рече Манасиевски.

Поврзани содржини