🎥 ЗА РАЗДЕЛБА Ѝ ПОДАРИЈА АВТОМОБИЛ НА СВОЈАТА КЛАСНА Несекојдневен гест на хрватски матуранти
Кога класната раководителка Нина сфати што всушност ѝ подаруваат нејзините ученици, таа остана во целосен шок, буквално без зборови, пишуваат хрватските медиуми.
Матурантите од Средното техничко училиште во хрватскиот град Задар ја изненадија и емотивно ја трогнаа својата класна раководителка, подарувајќи ѝ за разделба автомобил, во знак на благодарност за четиригодишниот труд, трпението и воспитувањето што од неа го добиле, јавија хрватските медиуми.
Матурантите кои се школувале за воздухопловни техничари заеднички го организирале големото изненадување, а професорката, како што може да се види и на снимката која ја објавија, остана без зборови, во целосен шок.
„Целата акција била подготвувана во строга тајност, а моментот на врачувањето на клучевите беше исполнет со силни емоции. Кога класната раководителка Нина сфати што всушност ѝ подаруваат нејзините ученици, таа остана во целосен шок, буквално без зборови, додека низ дворот одекнуваа аплаузи и навивање од гордите матуранти“, пишува порталот Морски.хр.
Maturanti Srednje teh škole poklonili razrednici auto. “#Zadar pic.twitter.com/qtsAJJxhVd
— DA de Franceschi (@dadef69) May 22, 2026