ШТО Е СО ПРАВАТА НА МАКЕДОНСКОТО МАЛЦИНСТВО ВО БУГАРИЈА? Муцунски го отворил ова прашање на средба со бугарската колешка Петрова

Муцунски ги потврдил позициите на Владата и укажал дека темите поврзани со македонскиот јазик, идентитет, култура и историја не можат да бидат предмет на разговори.

0

На маргините на министерскиот состанок на НАТО во Хелсингборг, Шведска, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со министерката за надворешни работи на Република Бугарија, Велислава Петрова, соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

„На средбата беа разменети мислења за билатералните односи, регионалната соработка и европската интеграција на државата. Во таа насока министерот Муцунски ја нагласи потребата од изнаоѓање решение за билатералното прашање, кое го кочи процесот на отворање преговори со Европската Унија, потврдувајќи ги позициите на Владата и укажувајќи дека темите поврзани со македонскиот јазик, идентитет, култура и историја не можат да бидат предмет на разговори.






Посебен акцент беше ставен на значењето на Коридор VIII и потребата од забрзување на активностите поврзани со отворањето на граничниот премин „Клепало”, како важен дел од регионалната инфраструктурна и економска поврзаност.

Министерот Муцунски го отвори и прашањето за почитувањето на правата на македонското малцинство во Бугарија, нагласувајќи ја потребата од доследно спроведување на пресудите на Европскиот суд за човекови права“ – се вели во соопштението на МНР.

Поврзани содржини