ВИДЕОЛОТАРИЈА СО ПРИЗНАНИЕ ЗА ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ Препознаена вредноста на проектот „Играј со најдобрите“

0

На свеченост по повод 18 роденден на магазинот „Убавина и здравје“, Видеолотарија Касинос Австрија доби признание за општествено одговорна компанија, како потврда за посветеноста во создавањето подобри услови за живот и развој на заедницата.

Признанието претставува особена чест за компанијата, бидејќи ја препознава вредноста и значењето на проектот „Играј со најдобрите“, иницијатива преку која досега се реконструирани 24 игралишта низ Македонија.






Со овој проект, Видеолотарија Касинос Австрија создава безбедни и современи простори каде децата и младите ќе можат да спортуваат, да се дружат, да градат тимски дух и да учат вистински животни вредности. Секое обновено игралиште претставува инвестиција во поздрава, посреќна и посилна иднина за новите генерации.

– Ова признание за нас има посебна вредност, затоа што доаѓа како потврда дека вистинските проекти оставаат трага во заедницата. Продолжуваме уште помотивирани, со нова енергија и нови иницијативи кои ќе придонесуваат за подобро утре – велат од Видеолотарија Касинос Австрија.

 

Поврзани содржини