ВРАТЕНИТЕ ПИПЕРКИ ОД БУГАРИЈА ЌЕ БИДАТ УНИШТЕНИ Операторот избира дали во Бугарија или на Дрисла

Директорот на АХВ, Оливер Миланов, вели дека операторот има право пратката да биде уништена во земјата увозник или да биде вратена во Македонија.

0

Сè уште не е решено каде ќе бидат уништени 11,6 тони македонски пиперки што Бугарија ги врати поради зголемено ниво на пестициди.

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Оливер Миланов, изјави дека Агенијата за храна е известена за случајот и дека се чека одлуката на операторот.






– Операторот има право пиперката да биде уништена или да биде вратена и ние заедно со Инспекторатот за земјдоелство да ја уништиме по негово барање или по барање на земјата увозник. Известени сме за конкретниот случај, чекаме да видиме дали ќе биде уништена во Бугарија или ќе биде вратена тука, па операторот ќе ја уништи на Дрисла – изјави Mиланов, одговорајќи на новинарско прашање на прес-конференција во Министерството за здравство.

Поврзани содржини