📽️ „ВОЗРАСНИ МАЖИ СЕ КЛАДАТ КАКВА БОЈА ГАЌИ НОСАМ“ Сидни Свини повторно се соблече во реклама за обложување на спортски натпревари
Актерката повторно позираше разголена во реклама за платформа за спортско обложување и се пошегува со мажите што прават табели за обложување за бојата на нејзината долна облека. Мислам, поласкана сум, порача таа.
Сидни Свини повторно ги разбранува социјалните мрежи со реклама за „Новиг“, платформа за спортски предвидувања и обложување. Минатиот месец, актерката позираше речиси гола со спортска опрема, промовирајќи ја платформата, по што следуваа критики, гневни коментари и губење на следбеници. Но, наместо да се повлече, таа одговори со ново, слично провокативно видео.
Во најновата реклама Свини е во топлес, облечена само во бела долна облека со логото на „Новиг“, додека градите ги покрива со топки за американски фудбал.
– Има возрасни мажи кои прават табели за обложување врз основа на претпоставката каква боја долна облека носам. Мислам, поласкана сум? – вели таа во видеото.
View this post on Instagram
Првичната реклама предизвика реакции и кај олимписки и професионални спортистки. Австралиската пливачка Аријарн Титмус ја нарече кампањата „шлаканица“ за жените кои му го посветиле животот на спортот. Критичарите ја обвинија актерката и компанијата дека ги сексуализираат жените во спортот, иако рекламата порачуваше дека платформата е „само спорт“.
Под новото видео на профилот на Свини, сепак, преовладуваат позитивни коментари.
Актерката претходно им одговори на критичарите и без зборови. Во приказните на Инстаграм објави насловни страници на списанија на кои познати личности позираат голи или полуголи. Меѓу нив беа Серена Вилијамс, Ронда Раузи, Сју Бирд, Меган Рапино и Каролин Вознијацки, но и спортистите Мајлс Гарет, Роб Гронковски, Карл-Ентони Таунс и Џејсон Келси.
„Новиг“ ја бранеше првичната реклама, опишувајќи ја како забавна идеја создадена со самодоверба, хумор и разиграна провокативност. Свини не е само заштитно лице на кампањата, туку и стратешка партнерка и косопственичка на компанијата.