ВО ТЕШКА СООБРАЌАЈКА КАЈ СТЕНКОВЕЦ ПОВРЕДЕНИ 7 МЛАДИ ЛУЃЕ Сите се на возраст под 23 години

Несреќата се случила помеѓу „БМВ“, управуван од Е.А.(23) од Скопје, и „мерцедес“, управуван од Ф.Ќ.(22) од село Грчец, Скопско.

3

Во тешка сообраќајна несреќа на скопската обиколница, кај клучката за Приштина, што се случила во неделата, повредени се седуммина млади луѓе, сите помлади од 23 години, соопшти полицијата.

„На 26.04.2026 околу 14:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на скопската обиколница, на клучката Стенковец, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.А.(23) од Скопје и патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.Ќ.(22) од с.Грчец, Скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатникот од патничкото возило „БМВ, Ф.М. и сопатничката од патничкото возило „мерцедес“ Е.Б.(23), додека со телесни повреди 23-годишната Е.А. и другите сопатници Ф.Х.(21) од с.Кондово, скопско, З.И.(22) од Скопје и Џ.Ф.(22) и Б.А.(18), двете од с.Раовиќ, Скопско, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје и Јавна здравствена установа „Св.Наум Охридски“ Скопје. Извршен е увид од екипа на СВР Скопје“, соопшти полицијата.

Поврзани содржини