ВО СКОПЈЕ ИМА ОДГЛЕДУВАЧИ КОИ ВКРСТУВААТ ДОМАШНИ И ДИВИ ЖИВОТНИ!? Градоначалникот Ѓорѓиевски смета дека случајот со волкот има подлабока заднина

Дали некој, со обидите да докаже дека тоа не е волк, во јавноста се обиде да прикрие неколку позиции во Скопје, каде се парат домашни и диви животни – рече Ѓорѓиевски во Наткаст на Курир.мк.

0

Кога станува збор за случката со волкот, сакам да им се заблагодарам на припадниците на МВР, од каде што ја добивме дојавата. Да им се заблагодарам на граѓаните кои совесно реагираа и пријавија и особено да се заблагодарам на вработените во Зоолошка градина кои реагираа веднаш со успивање на животното, носење до ЗОО и соодветен третман таму, на кој подоцна се вклучи Агенцијата за храна и ветеринарство, истакна градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски, во интервју за Курир.мк.

– Тука имаме две клучни прашања. Зошто никој не го спомена моментот дека некое дете можеше да биде жртва поради тоа што некој несовесен скопјанец чувал диво животно дома? Тоа диво животно беше со ланец, со алка околу вратот, што значи некој го чувал дома. И можеше некое дете во парк да настрада поради некој несовесен граѓанин кој смета дека неговиот дом е џунгла. Дека може да чува животни, дека домот му е шума, прашума. Второто прашање е дали некој со обидите да докаже дека тоа не е волк, во јавноста се обиде да прикрие неколку позиции во Скопје, каде се парат домашни и диви животни? Јас тоа го спомнав и во Министерството за внатрешни работи, дали некој се обиде да сокрие некого кој дозволува парење на домашни и диви животни и чува ваков тип животни во непосредна близина на централното градско подрачје, во неговиот двор? Ова беше свесен обид да се прикрие некој и целата работа да се прикрие во пародија – рече градоначалникот Ѓорѓиевски






Поврзани содржини