ВОЈНАТА ВО ЗАЛИВОТ НА ПАТ КОН ПОВТОРНА ЕСКАЛАЦИЈА Нападнати бродови, разменети ракетни удари на двете страни

Американската војска соопшти дека извршила напади врз „ирански воени цели“, откако три нејзини пловни објекти биле нападнати додека минувале низ Ормуската Теснина во правец кон Заливот.

249

Американски военоморски единици, кои дејствуваат во реонот на Ормуската Теснина, се нашле под ирански ракетен оган откако САД нападнаа ирански нафтен танкер, објави иранската државна радиотелевизија.

Иранските медиуми пренесуваат дека американските воени пловни објекти биле принудени да се повлечат откако претрпеле значителни штети при иранските ракетни удари. Засега не е јасно кога точно се случил инцидентот.

Во средата американските вооружени сили соопштија дека запреле нафтен танкер под иранско знаме кој пловел кон иранско пристаниште.

Централниот штаб на иранските вооружени сили соопшти дека САД го прекршиле примирјето со напад врз ирански нафтен танкер и врз друг брод кој навлегувал во Ормуската Теснина.

– Истовремено, со помош на некои земји од регионот, тие извршија воздушни напади врз цивилни подрачја долж бреговите на Бандар Хамир, Сирик и островот Кешм – се наведува во соопштението на Централниот штаб.

Американската војска соопшти дека извршила напади врз „ирански воени цели“, откако три нејзини пловни објекти биле нападнати додека минувале низ Ормуската Теснина во правец кон Заливот.

„Американските сили ги одвратија неиспровоцираните ирански напади и одговорија со одбранбени удари, додека ракетните разурнувачи на американската морнарица минуваа низ Ормуската Теснина кон Заливот на 7 мај“, објави Централната команда на американските вооружени сили (Цент-ком) на социјалната мрежа Икс.

Во информацијата се прецизира дека Иран при нападите користел ракети, дронови и мали пловни објекти.

Американската војска соопшти дека ги „неутрализирала заканите и ги нападнала иранските воени објекти одговорни за нападите врз американските сили, вклучувајќи позиции за лансирање ракети и дронови, командни и контролни центри, како и бази за разузнавање и набљудување“.

Поврзани содржини