ВЛЕН ГИ ПОТВРДИ НОВИТЕ ИМИЊА ВО ВЛАДАТА Шасивари за правда, Сулејмани за култура, Ферати за односи меѓу заедниците

За министер за правда е предложен универзитетскиот професор Џетон Шасивари, за министер за односи меѓу заедниците е предложен Агон Ферати, додека за министер за култура и туризам е предложен Седат Сулејмани, потврди ВЛЕН. Спорат партијата овие личности ќе донесат нова енергија во Владата.

63

По вечерашната седница на Претседателството на ВЛЕН, донесена е одлука претставници на коалицијата во Владата да бидат личности кои носат нова енергија, одговорност и посветеност во служба на граѓаните, вели партијата потврдувајќи ги предлозите за нови министри кои претходно ги обзнани и премиерот Христијан Мицкоски.

„За министер за правда е предложен универзитетскиот професор Џетон Шасивари, за министер за односи меѓу заедниците е предложен Агон Ферати, додека за министер за култура и туризам е предложен Седат Сулејмани.






Во новиот владин состав продолжуваат да ги извршуваат своите функции Беким Сали како прв заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Бесар Дурмиши како министер за економија и труд, како и Мухамет Хоџа како министер за животна средина и просторно планирање.

ВЛЕН решително продолжува по патот на промените, носејќи нова енергија, професионални кадри и одговорен пристап кон владеењето. Со овој тим, ВЛЕН повторно ја потврдува својата посветеност на реформите, развојот и достоинственото застапување на интересите на граѓаните“, соопшти партијата.

Поврзани содржини