ВЛАДАТА ГИ ПОКРИВА ТРОШОЦИТЕ НА СЕМЕЈСТВАТА Мицкоски потврди дека се преземени неопходните мерки за спасување на животите

Мора да се направат одредени чекори, без пркосење и негирање. Ако сакаме да избегнеме понатамошни компликации во деновите кои следуваат, треба да се јавиме на доктор. Без разлика дали чувствувате било какви тегоби, обврска е да побарате консултација - изјави Мицкоски.

1,127

Премиерот Христијан Мицкоски денеска го обнови апелот до сите лица кои биле во близина на трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, да побараат консултација со доктор, без разлика дали чувствуваат симптоми или не. Овој повик следува откако, како што истакна, одговорните органи веќе обезбедиле сите потребни информации за здравствената состојба на повредените и протоколите за лекување.

– Мора да се направат одредени чекори, без пркосење и негирање. Ако сакаме да избегнеме понатамошни компликации во деновите кои следуваат, треба да се јавиме на доктор. Без разлика дали чувствувате било какви тегоби, обврска е да побарате консултација – изјави Мицкоски.






Премиерот истакна дека Владата активно работи на спасување на човечки животи и дека веќе презела рекордни мерки за справување со ситуацијата. Тој ја нагласи улогата на медицинските тимови, кои вложуваат максимални напори во спасувањето на повредените, како и на транспортирањето на пациенти во соседните држави.

– Голема благодарност до лекарите и медицинските тимови кои вложуваат натчовечки напори во овие критични моменти – рече Мицкоски, додавајќи дека повеќе од 70 пациенти се згрижени надвор од државата.

Како дел од мерките за поддршка, премиерот информираше дека ќе бидат покриени трошоците за двајца членови од семејството на повредените за да можат да патуваат и да бидат со своите најблиски во болниците.

Премиерот нагласи дека државата комуницира со европските и светски лидери, кои ја испраќаат својата поддршка, и изрази благодарност за помошта која пристигнува од сите страни.

– Ова е ужасна трагедија, но како држава ги преземавме сите неопходни мерки веднаш, како никогаш досега. Помошта стига од сите страни, а благодарни сме за тоа – додаде Мицкоски.

Поврзани содржини