НЕТОЧНИ СЕ ТВРДЕЊАТА ДЕКА ЗАГИНАЛЕ 120 ЛУЃЕ Владата апелира да не се шират дезинформации за бројот на загинатите во Кочани

Владата со целосна одговорност потврдува дека бројот на жртви е 59. Ваквите лажни информации само ја зголемуваат вознемиреноста во јавноста и нанесуваат дополнителна болка на семејствата на жртвите, соопшти Владата.

520

Во врска со трагедијата во Кочани, Владата изразува најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите и повредените. Ова се моменти на тага и солидарност, кога сите мора да покажеме одговорност и почит кон жртвите, соопшти денеска Владата.

„Во јавноста се пласираат шпекулации и дезинформации во врска со бројот на загинатите. Владата со целосна одговорност потврдува дека бројот на жртви е 59. Сите други тврдења за 100 или 120 загинати се неточни и неосновани. Ваквите лажни информации само ја зголемуваат вознемиреноста во јавноста и нанесуваат дополнителна болка на семејствата на жртвите. Бројките ги утврдуваат официјалните медицински и истражни служби кои работат на терен“, соопшти Владата.






Владата инсистира на целосна транспарентност и јавноста ќе биде редовно информирана за сите нови детали поврзани со истрагата, се додава во соопштението.

„Апелираме до медиумите и граѓаните да не наседнуваат на непроверени информации и да не шират шпекулации. Ова не е време за манипулации, туку за заедништво, почит и одговорност. Владата останува посветена на расчистување на сите аспекти од оваа трагедија и преземање на сите неопходни мерки за да обезбеди правда и поддршка за семејствата на жртвите“, соопшти извршната власт.

Поврзани содржини