ВЛАДАТ БАРА КРИЗНАТА СОСТОЈБА ДА СЕ ПРОДОЛЖИ УШТЕ 6 МЕСЕЦИ Собранието треба да одлучи до 20 октомври

Кризната состојба за снабдување со нафта и нафтени деривати беше првпат донесена и стапи во сила на 21 април 2026 година (со одлука на Собранието од 16 април 2026 година) и беше два пати продолжена по три месеци и тоа до 20 јули и до 20 октомври.

2

Владата побара од собранието да ја продолжи кризната состојба поради можност од настанување нарушување во снабдувањето со нафта и нафтени деривати на територијата на државата до 20 април следната година.

Предлогот во кој се бара продолжување на кризната состојба уште шест месеци денеска го разгледа собраниската Комисија за одбрана и безбедност и го проследи за натамошна постапка во Собранието.






Предлог-одлуката ја образложи министерот за одбрана Владо Мисајловски.

– Се работи за изменување на одлуката за одобрување продолжување на рокот за постоење кризна состојба поради можност за настанување нарушување на снабдувањето со нафта и нафтени деривати на целата територија. Фактички, со оваа одлука се продолжува рокот до 20 април 2027 година – појасни министерот.

Кризната состојба за снабдување со нафта и нафтени деривати беше првпат донесена и стапи во сила на 21 април 2026 година (со одлука на Собранието од 16 април 2026 година) и беше два пати продолжена по три месеци и тоа до 20 јули и до 20 октомври. Сега се бара нејзино продолжување за шест месеци.

Според закон владата може да прогласи кризна состојба во траење од еден месец, а за подолго траење треба да одлучи Собранието.

Поврзани содржини