ЅВЕЗДАТА НА ЕУФОРИЈА ОТКРИВА КОЛКУ МНОГУ ФИЛЕРИ СТАВИЛА ВО УСНИТЕ „Повеќе не ми треба крема против болка“
Актерката Клое Чери отворено зборуваше за своите естетски зафати, па откри и колку пати ставила филери во усните
Ѕвездата на „Еуфорија“ неодамна откри дека ставила толку многу филери во усните што дури и не ѝ треба крем за ублажување на болката пред процедурата.
Актерката уште во 2022 година изјави дека ги корегирала усните „околу 15 пати“, пишува „Пипл“.
Во нова епизода од серијалот „Beauty Secrets“ на „Вог“, 28-годишната актерка отворено зборува за своето искуство со филери на усните.
– Очигледно е дека ставам филери во усните. Ги ставив толку многу пати што веќе не ми треба ниту крем за умртвување бидејќи сум целосно навикната на чувството – вели Чери.
View this post on Instagram
Во истото видео, таа објасни дека одлучила да стави ботокс и филери затоа што не ѝ се допаѓало како изгледа нејзиното лице.
– Тоа некако ме наведе да морам да продолжам да го правам тоа. Но, имав ботокс на челото толку многу пати што мислам, без шега, мускулот ми атрофира – рече таа.
За време на појавувањето во 2022 година во подкастот BFF: Josh Richards & Bri Chickenfry, Чери рече дека ги правела усните „околу 15 пати“.
– Технички, треба да се прави на секои шест месеци, па треба да имам најмногу 12 третмани, но имав многу повеќе од тоа – објасни таа во тоа време.
Чери, која се здоби со слава играјќи ја Феј во втората сезона на „Еуфорија“, претходно зборуваше за тоа како славата ѝ го променила животот.
– Моите петнаесет минути слава донесоа многу позитивни реакции и се чувствувам неверојатно добро. Нереално е што толку многу луѓе велат дека ме сакаат во серијата – изјави таа за Variety во 2022 година.
Сепак, таа беше изненадена од тоа колку јавноста се фокусира на нејзиниот изглед. – Во исто време, лудо е колку многу луѓе зборуваат за големината на моите усни. Бројот на наслови што ги видов и бројот на луѓе што објавуваат и коментираат за моите усни е нереален – рече таа.
Чери во тоа време не се осврна директно на тоа дали нејзините усни се резултат на филери, но забележа дека не добила толку внимание кога првпат ги направила.
– Лудо е затоа што мора да разберете дека ги направив тие усни во одреден момент и никој не реагираше на тој начин, барем не во лице.
Затоа е чудно да се гледаат мемиња и слични работи за тоа, затоа што се зборува за моето тело, а јас не сфатив зошто се крева толку голема фама – заклучи таа.