ВЕДРАНА РУДАН МУ ПОРАЧАЛА НА СИНОТ ДЕКА НЕМА ДА ЈА НАСЛЕДИ КУЌАТА Не сакала тој да доаѓа ниту на нејзиниот погреб
Во една од последните сурово лични колумни пишувала и за конфликтот со синот околу семејната куќа. Лекарите ѝ пргнозирале уште 3 месеци живот.
Хрватската писателка и колумнистка Ведрана Рудан почина на 76-годишна возраст по долгата борба со ракот. Неколку месеци пред смртта пишувала дека лекарите ѝ прогнозирале уште три месеци живот.
Токму тогаш отворила и една болна семејна тема. Во колумната „По долго и тешко…“ пишувала за конфликтот со својот син околу наследството. Му порачала дека нема да добие дел од куќата и дека не го сака на својот погреб.
Рудан пишувала за прогнозата со препознатливата мешавина од црн хумор, суровост и помирување со смртта.
„Три месеци се исто така утеха. Ви даваат време да анализирате што сте згрешиле, кого требало да го испратите дома, за среќа, сè уште имате време.“
„Мамо, како ќе одгледаме 3 деца?“
Во истиот текст раскажала и за разговорот со синот. Според нејзиното сведоштво, тој го отворил прашањето за наследството и за делот од куќата што би го добила неговата сестра.
„Мамо, како ќе одгледаме три деца? Светот полудел. Сестра ми нема деца, тие имаат стан, не ѝ треба да добие дел од куќата…“, ги пренела Рудан неговите зборови.
Нејзиниот одговор бил жесток. Му рекла дека трите деца биле негова одлука и дека неговата сестра е нејзино дете исто како него.
Потоа донела и одлука.
„Нема да добиеш дел од куќата, а ниту ти ниту нејзините три деца нема да дојдете на мојот погреб“.
Напис за смртта, без заобиколување
Рудан јавно зборуваше за болеста и во последните години често пишуваше за сопственото умирање. Не ја напушти ниту препознатливата иронија со која со децении ги провоцираше читателите.
Уште во декември 2025 година објави колумна со наслов „За умирањето“. Во март годинава напиша дека веќе две години умира, а лекарите претходно ѝ прогнозирале многу пократок живот.
Нејзината последна објава на личната страница е од 26 јули. Во неа пишуваше за условите на онкологијата во Риека и за медицинските сестри кои се грижат за пациентите.