УАПСЕН ВОЗАЧОТ КОЈ УДРИ 13-ГОДИШЕН ВЕЛОСИПЕДИСТ Малолетникот се здобил со тешки повреди
Полицијата го уапси 20-годишниот возач кој вчера со автомобил „сеат“ удри во 13-годишен велосипедист на улицата „Коце Металец“ во Скопје. Дететое тешко повреден, а против возачот ќе следува кривична пријава.
Возачот кој во четвртокот попладне удри 13-годишен велосипедист во Скопје е уапсен, соопшти СВР Скопје. Станува збор за скопјанецот А.П.(20) кој управувал автомобил „сеат“ со скопски регистарски ознаки.
Несреќата се случила на улицата Коце Металец. Малолетникот е тешко повреден. Лекарите во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ ја констатирале состојбата по приемот на детето.
Полицијата извршила увид, следува пријава.