ТРГНА ПРВИОТ ТОВАРЕН ВОЗ НА НОВАТА ПРУГА БУДИМПЕШТА – БЕЛГРАД Стигнува за 2 часа и 40 минути

Српските медиуми објавија дека цената на патничкиот билет Белград-Будимпешта ќе изнесува 25 евра, но патничките возови ќе сообраќаат откако пругата ќе се тестира во реални услови со товарни возови.

1

Првиот товарен воз на компанијата „MAV Railtours“ тргна рано в зори на новата железничка линија Будимпешта – Белград. Оваа вест ја потврди генералниот директор на Унгарските железници (MAV) Жолт Хеѓи на својот Фејсбук профил.

Хеѓи објасни како обновената железница, означена со број 150, ќе биде тестирана во реални услови со дневен товарен сообраќај пред повторното воспоставување на патничкиот сообраќај. Тој додаде дека сите мерења и тестови покажале дека железницата ги исполнува сите инфраструктурни и безбедносни барања за сообраќај на товарни возови.






Хеѓи нагласи дека реконструкцијата на линијата 150 е најголемата железничка инвестиција во Унгарија во последните години.

-Наместо старата едноколосечна железница во лоша состојба, изградена е двоколосечна железница за брзина до 160 километри на час, опремена со најсовремени погодности за патниците – објасни тој.

Српските медиуми објавија дека цената на патничкиот билет Белград-Будимпешта ќе изнесува 25 евра, а патувањето ќе изнесува 2 часа и 40 минути.

Поврзани содржини