ТРАМВАЈ ИЗЛЕТА ОД ШИНИТЕ И УДРИ ВО ЗГРАДА ВО БЕЛГРАД Петнаесет патници се повредени, меѓу нив и деца

Градското сообраќајно претпријатие (ГСП) „Белград“ соопшти дека постојат индиции дека причина за сообраќајната несреќа во која трамвајот излета од шините на улицата Цар Душан, при што беа повредени неколку патници, од кои двајца со поголема тежина, е несоодветна брзина.

332

Петнаесет луѓе се повредени денеска, меѓу кои и две деца, откако трамвај излета од шините во белградската населба Дорќол и удри во зграда.

Три лица се со тешки повреди, имаат контузии и скршеници. Сите повредени се во здравствени установи во главниот град на Србија Несреќата се случи околу 9.30 часот утрово.






Дежурниот јавен обвинител на Првото основно јавно обвинителство во Белград беше на истрагата за сообраќајната несреќа што се случи поради излетувањето на трамвајот од шините, и нареди итен технички преглед на трамвајот, потоа да се отстранат камерите за видео надзор, да се земат изјави од учесниците во сообраќајната несреќа и другите присутни граѓани, како и да се соберат сите други докази со цел да се утврди правилната и целосна фактичка состојба, соопшти Обвинителството.

Првото основно јавно обвинителство објави дека 15 лица, вклучувајќи го и возачот на трамвајот, се наоѓаат во медицински установи каде им се пружа помош.

Градското сообраќајно претпријатие (ГСП) „Белград“ соопшти дека постојат индиции дека причина за сообраќајната несреќа во која трамвајот излета од шините на улицата Цар Душан, при што беа повредени неколку патници, од кои двајца со поголема тежина, е несоодветна брзина.

„Според прелиминарните информации и досегашните сознанија, постојат индиции дека една од можните причини за настанот може да биде човечкиот фактор, односно несоодветната брзина на возилото при минување низ свртницата, како и проверка на положбата на самата свртница“, се вели во соопштението што го пренесе градската веб-страница Beoinfo.

Конечната причина и сите релевантни факти, како што е додадено во соопштението, ќе бидат утврдени по завршувањето на постапката и стручната анализа.

Поврзани содржини