ТРАМП ПРОГЛАСИ „ЦЕЛОСЕН КОЛАПС“ НА ИРАН Новите санкции ќе важат и за компании кои соработуваат со Техеран

Вашингтон подготвува проширување на секундарните санкции. Тие треба да опфатат компании, финансиски институции и други субјекти што продолжуваат да соработуваат со Иран. Додека министерот за финансии го најави Денот Д, шефот на САД напиша дека Иран доживува целосен колапс.

6

Претседателот на САД Доналд Трамп денеска соопшти дека „Иран доживува целосен колапс“. Пораката стигна само неколку часа пред најавеното објавување на новите американски економски мерки против Техеран.

Трамп оценката ја објави на „Трут соушл“. Американскиот министер за финансии Скот Бесент претходно најави почеток на „економски Д-ден“ против Иран.






Вашингтон подготвува проширување на секундарните санкции. Тие треба да опфатат компании, финансиски институции и други субјекти што продолжуваат да соработуваат со Иран.

Новите мерки се очекува да бидат насочени и кон каналите преку кои Иран ги заобиколува постојните санкции. Деталите за пакетот треба да ги соопшти Бесент.

Фото: Принтскрин

ЕКОНОМСКИ Д-ДЕН ЗА ИРАН Американскиот секретар за финансии ќе ја најави завршната фаза од војната

 

Поврзани содржини