📷 АТАЛАНТА ЈА ОБЕДИНИ СФРЈ Елмас ја комплетираше Југославија во соблекувалната

Со доаѓањето на македонскиот репрезентативец, Аталанта во своите редови има фудбалери од сите шест републики на поранешна СФРЈ – нешто што ретко се гледа во европскиот фудбал.

27

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас пристигна во Аталанта, а неговиот трансфер во Бергамо донесе и една интересна фудбалска приказна.

Со доаѓањето на Елмас, во соблекувалната на италијанскиот клуб повторно се најдоа фудбалери од сите краишта на поранешна Југославија.






Елмас е последниот што го комплетираше мозаикот, бидејќи во Аталанта веќе настапуваат Сеад Колашинац од Босна и Херцеговина, Марио Пашалиќ од Хрватска, Никола Крстовиќ од Црна Гора, Лазар Самарџиќ од Србија и Реља Обриќ од Словенија.

Така, во еден клуб повторно се собраа претставници на шесте републики што ја сочинуваа СФРЈ – Македонија, Србија, Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина и Црна Гора.

Интересно е што ваквата ситуација не е нешто што често се гледа во европскиот фудбал. Во изминатите години многу клубови имаа играчи од повеќе поранешни југословенски републики, но Аталанта сега има состав кој буквално го заокружува целиот простор на поранешната држава.

Елмас во Бергамо пристигна како позајмен фудбалер од Лајпциг, до крајот на сезоната, а неговото доаѓање веднаш предизвика внимание и поради оваа необична комбинација во соблекувалната.

Фудбалот, очигледно, повторно успеа да го направи она што политиката не можеше – да ги собере сите на едно место.

Поврзани содржини