ЕКОНОМСКИ Д-ДЕН ЗА ИРАН Американскиот секретар за финансии ќе ја најави завршната фаза од војната
В зори почнува економскиот Д-ден - најголемата поединечна финансиска офанзива воспоставена против некој противник, објави американскиот секретар за финансии Скот Бесент, кој денеска ќе ги објави „најстрогите санкции во историјата против Техеран“.
Соединетите Американски Држави влегуваат во завршната фаза од војната со Иран, изјави секретарот за финансии Скот Бесент додека се подготвува да ги објави, како што ги нарече, најстрогите санкции во историјата против Техеран.
„В зори почнува економскиот Д-ден – најголемата поединечна финансиска офанзива воспоставена против некој противник“, напиша Бесент на мрежата Икс.
Денеска тој ќе ги презентира новите мерки на прес-конференција.
Бесент изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп ги демонтира воените капацитети на Иран и ја закопа неговата нуклеарна програма.
– Сега влегуваме во завршната фаза – рече тој.
Трамп во средата најави економски Д-ден за Иран и им се закани на поддржувачите на Техеран со драстични мерки.
„Оние што се плашат од опасноста да му се спротивстават на Техеран не треба да ја занемарат цената на тестирањето на Вашингтон. Нашата цел е да ја пресечеме секоја економска линија што го одржува тиранскиот режим сè додека Техеран не остане целосно изолиран“, напиша Бесент на Икс.