ТРАГЕДИЈА ВО ЦЕНТАРОТ НА ОХРИД Жена загинала кога автомобил излетал од кружен тек и удрил во неа
Жената, која се враќала од работа, била прегазена на тротоар, кога возач на патничко возило „Волксваген Голф“ со охридски регистарски таблички изгубил контрола врз возилото, преминал преку кружниот тек, ја пробил заштитната ограда и завршил во пешачката зона.
45-годишна жена од Охрид трагично го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа која се случи синоќа околу 22 часот во центарот на градот, на булеварот Туристичка, во близина на поранешниот „Мини Маркет“ и гимназијата.
Жената, која се враќала од работа, била прегазена на тротоар, кога возач на патничко возило „Фолксваген Голф“ со охридски регистарски таблички изгубил контрола врз возилото, преминал преку кружниот тек, ја пробил заштитната ограда и завршил во пешачката зона.
– Во моментот на несреќата, покрај жената било и машко лице. Двајцата биле удрени од возилото, при што 45-годишната охриѓанка се здобила со тешки повреди на кои, за жал, им подлегнала. Тие со возило на Брзата помош биле пресени во болницата „Св. Еразмо. Другото повредно лице добил медицинска помош и доброволно ја напуштил болницата – ни изјави портпаролот на СВР Охрид, Стефан Ристески.
Тој додаде дека увид на местото на несреќата извршила полициска екипа, а за случајот е известен јавен обвинител. Во тек е истрага за утврдување на точните причини и одговорноста за трагичниот настан, а повеќе детали ќе бидат соопштени во текот на денот.