ТОШКОВСКИ ЖЕСТОКО КОН ПОДНОСИТЕЛИТЕ НА ИНТЕРПЕЛАЦИЈАТА „Ве боли кога гледате дека граѓаните конечно имаат надеж дека нешто може да се смени на подобро“

Удирајќи по мене удирате во институција којашто за првпат по 30 години покажа дека законот важи еднкаво за сите и особено стигна до оние што мислеа дека се недопирливи, а тоа е поранешната власт на ДУИ и СДСМ, оние што грабаа и оставија пустош зад себе - рече министерот Тошковски.

98

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, од собраниската говорница одговори на интерпелацијата за неговата работа поднесена од политичката партија „Левица“. Тој истакна дека во изминатите две години е континуирано напаѓан од коалиција меѓу ДУИ, Левица и СДСМ.

– Не се напаѓа оној што не работи, не се троши толкава енергија за оној што не менува, туку само за оној што менува нешто, а токму тоа и најмногу ве боли. Најбитно од сѐ, вас ве боли тоа што македонските граѓани конечно гледаат надеж дека во Македонија конечно нешто може да се смени на подобро – рече Тошковски пред пратениците.






Тошковски на почетокот од своето обраќање ги повика пратениците во салата да оддадат почит со едноминутно молчење за починатиот градоначалник Јовица Илиевски. Во продолжение, тој подвлече дека ова е трета интерпелација против него и ја нарече историска за период од само две години власт.

– Ова е трета интерпелација за период од две години што е побарана од мене. Мислам дека е историска, не верувам дека досега имало три интерпелации, особено не за две години власт и сакам јавно да истакнам дека тоа е демократско право на опозицијата и го почитувам и лично ќе одговорам на се она што ценам дека сум должен. И кога ќе се прочита интерпелацијата може да се заклучи дека напишанто и кажаното е контрадикторно само по себе. Зборевте за се, само не за тоа што јас го работам денеска и тоа за што треба да одговорам пред македонските граѓани – зборевте за адвокатура, студии, членови на мое семејство, ама не кажавте ништи за она што се бројки и факти, македонска реалност, имплементирани проекти, чувство на безбедност кај македонските граѓани и се она што значит подобрување на животот на македонските граѓани“, истакна министерот.

Реплицирајќи му директно на лидерот на Левица, Димитар Апасиев, Тошковски посоче дека тој поголем дел од своето време го искористил за лични напади.

– Слушнав многу манипулации, лаги, клевети, нечовечки напади. За еден велешанец, навистина под секое ниво, но тоа е ваш избор и за тоа нека судат македонските граѓани – порача министерот.

Според Тошковски, поднесената интерпелација е само евтин политички обид да се закочи процесот на расчистување со криминалот и корупцијата, нагласувајќи дека МВР за првпат покажува оти законите важат еднакво за сите.

– Удирајќи по мене удирате во институција којашто за првпат по 30 години покажа дека законот важи еднкаво за сите и особено стигна до оние што мислеа дека се недопирливи, а тоа е поранешната власт на ДУИ и СДСМ, оние што грабаа и оставија пустош зад себе… Затоа оваа интерпелација не ја доживувам како суд за мојата работа, туку како уште еден очаен обид за собирање на некој евтин политички поен“, заклучи Тошковски.

Поврзани содржини