ТИК-ТОК И КИНЕСКИОТ РИВАЛ НА ЧАТ-ГПТ СПОДЕЛУВААТ ПОДАТОЦИ Растат стравувањата за кинеско шпионирање

На почетокот на февруари, истражувачите открија скрипта на веб-страницата на DeepSeek која собираше информации за креирање сметка и најавување, а потоа ги испраќала до China Mobile, кинеската државна телеком компанија.

406

Кинеската вештачка интелигенција DeepSeek испраќа податоци до матичната компанија ByteDance на Тик-ток, тврдат јужнокорејските истражувачи за сајбер-безбедност.

Веста доаѓа во време кога DeepSeek му пркоси на ривалот ЧатГПТ во вештачката интелигенција, додека американската администрација на Доналд Трамп бара од Тик-ток до април да најде нов газда во САД поради стравувањата од кинеско шпионирање.






– Потврдивме дека DeepSeek комуницира со ByteDance – изјави портпаролот на Јужнокорејската Комисија за заштита на лични информации (PIPC).

На почетокот на февруари, истражувачите открија скрипта на веб-страницата на DeepSeek која собираше информации за креирање сметка и најавување, а потоа ги испраќала до China Mobile, кинеската државна телеком компанија.

 

 

Поврзани содржини