📽 ТЕТОВЕЦ СТАНА ЅВЕЗДА НА ЕУРО 2024 Недим Бајрами го постигна најбрзиот гол во историјата на европските првенства, но Албанија загуби
По само 23 секудни игра, Бајрами погоди за водство на Албанија од 1-0 во дуелот со Италија, но „аѕурите“ брзо направија пресврт и на крај славеа со 2-1.
Албанскиот фудбалски репезентативец по потекло од Тетово, Недим Бајрами го постигна најбрзиот гол во историјата на европските првенства. По само 23 секудни игра, Бајрами погоди за водство на Албанија од 1-0 во дуелот со Италија во првото коло на ЕУРО 2024. Но „аѕурите“ брзо направија пресврт и на крај славеа победа со 2-1.
Ди Марко лошо изведен еден аут, Бајрами пресече во казнетиот простор и го совлада Донарума за почетно водство и голема радост во албанскиот табор.
Gol de Albania
Nedim Bajrami. pic.twitter.com/JKXk3Qkfjg
— 𝑴𝒂𝒄 𝑨𝒍𝒍𝒊𝒔𝒕𝒆𝒓 (@MaccaaFan) June 15, 2024
Но радоста на Албанија не траеше долго. Во 11.минута Бастони изедначи на 1-1, а пет минути подоцна Барела погоди за водство на Италија од 2-1, резултат со кој заврши првото полувреме и кој остана до крај на натпреварот.
Во рамки на групата Б претходно денеска Шпанија со 3-0 ја совлада Хрватска.