ТЕШКА СООБРАЌАЈКА КАЈ СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ Две возила се судриле, три лица се тешко повредени

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците од возилото „фиат браво“, А.Д.(61), В.Б.(39) и уште една малолетничка, сите од Скопје, констатирани во Комлексот клиники „Мајка Тереза“.

327

Утрово во 04.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека нa автопатот „Пријателство“, пред исклучок за Меѓународен аеродром-Скопје, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ровер“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од М.М.(62) од Прилеп и патничко возило „фиат браво“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Г.(66) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците од возилото „фиат браво“, А.Д.(61), В.Б.(39) и уште една малолетничка, сите од Скопје, констатирани во Комлексот клиники „Мајка Тереза“.






Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Поврзани содржини