ТЕРМОБЛОКОТ 3 ВО РЕК БИТОЛА Е ИСКЛУЧЕН Ќе се вклучи блокот 1 во текот на денот

72

Поради скината цевка во сегмент од котел, Блокот3 во РЕК Битола е исклучен од електроенергетската мрежа.

Од АД ЕСМ информираа дека термоблокот Битола 3 бил исклучен вчера во 18 часот, и преземени се активности за вклучување на термоблокот Битола 1, што се очекува да биде синхронизиран на мрежа во текот на денов.

Поради поволната хидролошка состојба и намалениот конзум, РЕК Битола и во изминатиот период работеше со еден блок, а истиот режим на работа ќе продолжи и во претстојниот период, потврдија од комбинатот.

Поврзани содржини