ТЕЛЕСКОПОТ ЏЕЈМС ВЕБ ОТКРИ МИСТЕРИОЗЕН ОБЈЕКТ НАЛИК НА ЈУПИТЕР Кафеавите џуџиња се нешто измеѓу ѕвезда и планета
Дали се работи за ѕвезда од типот кафеаво џуџе, објект кој е измеѓу планета и ѕвезда? Ова е фасцинантен увид во исклучително редок објект кој не орбитира околу позната ѕвезда.
Револуционерниот телескоп Џејмс Веб на НАСА откри мистериозен објект кој слободно лебди низ меѓуѕвездениот простор без да биде привлечена од некоја ѕвезда. Објектот SIMP 0136 е 13 пати потежок од Јупитер се наоѓа на само 20 светлосни години од Земјата. Се врти и со неверојатна брзина, завршувајќи целосна ротација на секои 2,4 часа.
Дали се работи за ѕвезда од типот кафеаво џуџе, објект кој е измеѓу планета и ѕвезда?
Ова е фасцинантен увид во исклучително редок објект. Истражувачите во својот труд сугерираат дека објектите како SIMP 0136 може да имаат многу заедничко со планетите како Јупитер и Сатурн, познати како „облачни џинови“ кои „исто така имаат повеќе слоеви на облаци и високи жаришта“.
Благодарение на деталните набљудувања на инфрацрвената светлина од телескопот Џејмс Веб, меѓународен тим на истражувачи откри знаци на „комплексни атмосферски карактеристики“, вклучувајќи можни слоеви на облаци и температурни промени во атмосферата на објектот, како што е опишано во студијата објавена во The Astrophysical Journal Letters.
Истражувачите споредија стотици детални криви на светлина со атмосферски модели за подобро да разберат каква може да биде атмосферата на SIMP 0136.
Тие пронајдоа докази за раздвоени облаци и светли „жешки точки“, веројатно поврзани со поларните светлина, далеку над облаците.
– Замислете како ја гледате Земјата оддалеку. Доколку ја гледате секоја боја посебно, ќе видите различни модели кои ви кажуваат нешто за нејзината површина и атмосфера, дури и ако не можете да издвоите поединечни карактеристики -рече во изјавата научникот и коавтор на Универзитетот во Бостон, Филип Муирхед.
Други светлосни криви забележани од телескопот Џејмс Веб укажуваат на постоење на џебови од јаглерод моноксид и јаглерод диоксид – но многу неодговорени прашања сè уште остануваат.