ТАРАВАРИ ДЕНЕСКА ЌЕ ГИ ПОСЕТИ ТЕШКО ПОВРЕДЕНИТЕ ВО СОЛУН И ВО СОФИЈА Пациентите се надвор од животна опасност

Да бидеме внимателни и да им се даде максимална медицинска поддршка (на пациентите со изгореници). Тоа што зависи од нас е направено комплетно. Се надевам дека и земјите, кои ни се пријатели и сакаат да ни помагаат, ќе дадат максимум од себе, изјави министерот за здравство, Арбен Таравари.

202

Министерот за здравство, Арбен Таравари, денеска ќе ги посети пациентите кои се наоѓаат во Солун и во Софија, а кои беа дел од критичната група од несреќата во Кочани. Според информациите, пациентите се надвор од животна опасност.

На денешната прес-конференција пред Ургентниот центар на комплексот клиники во Скопје „Мајка Тереза“ министерот рече дека „тоа што зависи од нас е направено“.






– Да бидеме внимателни и да им се даде максимална медицинска поддршка. Тоа што зависи од нас е направено комплетно. Се надевам дека и земјите, кои ни се пријатели и сакаат да ни помагаат, ќе дадат максимум од себе – изјави Таравари.

Тој информираше дека од трите нови пациенти од Кочани, двајца се во Клинички центар, а еден во болницата „8 Септември“.

– Болниците во Кочани и во Штип остануваат без пациенти, како што беше стратегијата да ги повлечеме во Скопје за третман на ниво на терциерно здравство – рече министерот.

Таравари дополни дека во Скопје има 84 пациенти, а до крајот на денот уште 26 треба да се испратат во други држави: Словенија (4), Хрватска (4), Австрија (6) и Белград (12). Вкупно во Македонија ќе останат 58 пациенти.

– Состојбата е стабилна. Континуирано добиваме информации од сите болници во кои се сместени пациентите – додаде министерот.

Во пожарот, што се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани, животот го загубија 59 млади лица, а над 140 настрадани се згрижени во земјава и во странство.

СЛЕДУВА КРИТИЧНА ФАЗА ЗА ПОВРЕДЕНИТЕ Таравари предупредува дека се можни компликации

Поврзани содржини