СУЛЕЈМАН ВЕЛИЧЕНСТВЕНИОТ СЕ ПРОШЕТА ВО САРАЕВО Како изгледа денес Халит Ергенч, познат по улогата во култната турска серија
Халит Ергенч, актерот кој го освои регионот како султанот Сулејман во популарната турска серија „Сулејман Величествениот“, деновиве престојува во Сараево, каде што го привлече вниманието на обожавателите
Турскиот актер Халит Ергенч кој во регионот е најпознат по улогата на султанот Сулејман во популарната турска серија „Сулејман Величествениот“, беше меѓу истакнатите гости на 32. Сараево филм фестивал. Тој се фотографираше со босанскохерцеговскиот режисер и сценарист Срѓан Вулетиќ кој потоа ги објави фотографиите од нивната средба. Двајцата позираат прегрнати и расположени, а објавата веднаш предизвика бројни реакции.
Вулетиќ во описот на фотографиите духовито напиша:
– Одбрав да се фотографирам со Сулејман Величествениот, големиот турски актер Халит Ергенч.
Фановите, очекувано, веднаш ја поврзаа фотографијата со серијата. Во коментарите се појави и прашањето: „А каде е Хурем?“, додека други се воодушевуваа од средбата на двете познати имиња од филмскиот свет.
View this post on Instagram
Иако од премиерата на „Сулејман Величествениот“ поминаа години, ликот на османлискиот султан и понатаму е една од најпрепознатливите улоги на Ергенч. Серијата му донесе огромна популарност во Турција, но и во земјите од регионот.
Во Сараево актерот не пристигна само како гостин на фестивалот. Тој во рамките на програмата CineLink Drama го претставува и својот нов проект „The Valley“.