ЗЕЛЕНСКИ ВОВЕДЕ САНКЦИИ И ЗА „МАША И МЕДО“ Киев гледа закана во популарната детска серија

Под санкции се петмина Руси и четири организации поврзани со создавањето и дистрибуцијата на популарната анимирана серија. Киев тврди дека детската содржина претставува закана за националната безбедност. 

1

Украинскиот претседател Володимир Зеленски потпишал указ со кој санкциите стигнале и до еден од најпознатите руски цртани филмови, „Маша и Медо“.

Мерките се однесуваат на петмина руски државјани и четири организации поврзани со создавањето и дистрибуцијата на серијата. Меѓу нив е и студиото „Анимакорд“, кое стои зад цртаниот филм, пишува Правда.






Кабинетот на Зеленски образложил дека „Маша и Медо“ шири проруски наративи прикриени како детска содржина. Според украинските власти, тоа претставува закана за националната безбедност.

Маша под лупа на Киев

Санкциите ги опфаќаат основачот и генералниот директор на студиото. На листата се наоѓаат и луѓе поврзани со сценариото, режијата, продукцијата и со авторските права.

Цртаниот филм подолго време бил предмет на внимание во Украина.

Украинските власти уште во 2017 година разгледувале барање за негова забрана поради наводни руски пропагандни наративи.

Еден од спорните детали била епизода во која Маша носи капа поврзана со НКВД, советската безбедносна структура.

Популарноста не исчезнала

И покрај контроверзиите, серијата остана исклучително гледана меѓу украинската публика.

Каналот на „Маша и Медо“ во август 2025 година бил најпопуларниот детски канал на Јутјуб меѓу Украинците. Украинската национална полиција подоцна побарала санкции поради врските на серијата со Русија.

Зеленски на 20 август потпишал повеќе укази со нови санкции. Покрај луѓето и компаниите поврзани со „Маша и Медо“, мерките опфатиле руски воено-индустриски компании и фирми од групацијата „Русал“.

Поврзани содржини