СТЕВЧЕ ЈАКИМОВСКИ ДОБРОВОЛНО ВЛЕЗЕ ВО ЗАТВОР Екс-градоначалникот ќе ја издржува казната од шест и пол месеци

Стевче Јакимовски доброволно заминал на издржување на затворската казна од шест и пол месеци, информираа од ГРОМ, која ја критикува судската пресуда и постапката на правосудните органи.

1

Претседателот на ГРОМ и поранешен градоначалник на Општина Карпош, Стевче Јакимовски, доброволно заминал на издржување на затворската казна во траење од шест и пол месеци, информираа од партијата.

Од ГРОМ наведуваат дека Јакимовски сам се пријавил за издржување на казната, која му беше изречена со правосилна судска пресуда.






Партијата во соопштението изразува незадоволство од пресудата, оценувајќи дека казната е донесена поради поставување две времени бараки во кои, како што наведуваат, Општина Карпош функционирала 13 години. Според нив, со користењето на тие објекти општината заштедила околу 1,5 милиони евра средства кои во спротивно би биле потрошени за закуп на деловен простор.

Во соопштението ГРОМ упатува критики и кон правосудниот систем, тврдејќи дека пресудата е неправедна и селективна. Од партијата посочуваат и дека не била земена предвид здравствената состојба на Јакимовски, наведувајќи дека тој е онколошки пациент и неодамна бил подложен на оперативен зафат.

Јакимовски ќе ја издржува затворската казна од шест и пол месеци согласно правосилната судска одлука.

Поврзани содржини