СПРЕМЕТЕ СИ ГИ ЧАДОРИТЕ И ШУШКАВЦИТЕ Следува седмица со поројни дождови и грмежи
Следната недела ќе има невреме, со услови за појава на град, предвидува метеопрогнозерот Славчо Попоски.
Под влијание на циклонска активнот со центар над Медитеранот, од понеделник (21 април), па сѐ до самиот крај на следната седмица (недела 27 април), во земјата ќе има честа појава на врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе бидат поројни и проследени со појава на грмежи.
Локално, пак, процесите ќе бидат во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд, засилен ветер, електрични празнења и со услови за појава на град.
Метеопрогнозерот Славчо Попоски предвидува поројни дождови и грмежи. Деталната прогноза можете да ја погледнете на следниот ЛИНК.