СПОРТСКИТЕ КАНАЛИ НА АРЕНА ГИ ИЗИГРУВААТ МАКЕДОНСКИТЕ ЗАКОНИ Работат без лиценца, лажно се прикажуваат како странски
Националните радиодифузери членки на Македонската медиумска асоцијација (ММА) и јавниот сервис МРТ бараат надлежните институции да испитаат дали со работењето на спортските канали Арена M1, M2 и M3 Премиум се заобиколуваат и злоупотребуваат македонските закони.
Петте национални македонски телевизии, здружени во Македонската медиумска асоцијација (ММА), и јавниот сервис МТВ обвинуваат дека преку нови телевизиски сервиси српски компании ги злоупотребуваат и заобиколуваат македонските закони.
Националните радиодифузери членки на Македонската медиумска асоцијација (ММА) и јавниот сервис МРТ бараат надлежните институции да испитаат дали со работењето на спортските канали Арена M1, M2 и M3 Премиум се заобиколуваат и злоупотребуваат македонските закони.
Во заедничкото соопштение, ММА и МРТ наведуваат дека имаат материјални докази оти овие канали подолг период работат без домашна дозвола, додека АВМУ ги третира како странски програмски сервиси кои се реемитуваат во земјава.
„ММА и МРТ имаат материјални докази дека спортските канали Арена M1, M2 и M3 Премиум подолг период работат без домашна дозвола, а нашиот регулатор ААВМУ на волшебен начин ги третира како странски програмски сервиси кои се реемитуваат во Македонија, иако продукцијата, новинарите, коментаторите и гостите се во Скопје, студиските емисии се произведуваат тука, а програмата се емитува на македонски јазик.
Дополнително, во евиденцијата на српскиот регулатор (РЕМ) каналите Арена M1, M2 и M3 Премиум не постојат што значи не се домицилни, српски канали. Истовремено, во операторските евиденции одобрени од АВМУ овие канали се водат како странски сервиси кои емитуваат програма на српски јазик!
ММА и МРТ бараат органите на истрагата како и референтните институциите да утврдат дали со ваквото постапување е заобиколена законската обврска за дозвола, дали е причинета штета на буџетот со неплаќање на лиценца и дали постои одговорност кај сопствениците, одговорните лица на ТВ сервисите како и кај службениците на ААВМУ.
Бараме да се провери и евентуалното неовластено користење на премиум спортски ТВ-права позната како ТВ пиратерија.
ММА и МРТ нема да дозволат истиот модел на евентуалното изигрување на законот да биде применет и за најавениот Евроњус Македонија, односно ААВМУ да го третира како странски сервис на начин сличен на Арена Премиум каналите, како што најавуваат нивните сопственици и структури од Белград. Беззаконието кое денес се толерира како исклучок, утре може да стане правило.
ММА и МРТ ќе поднесат соодветни поднесоци до Јавното обвинителство и МВР за да се испита постапувањето и евентуалната одговорност на надлежните лица во ААВМУ“ – се вели во соопштението на Македонската медиумска асоцијација и јавниот сервис МТВ.