СОМНЕЖИ ДЕКА ПОМАГАЛЕ ВО ЗЛОСТОРОТ Братот и таткото на осомничениот за убиството на Данка се задржани во полиција
Полицијата во Бор ги приведе братот и таткото на еден од осомничените за убиството на двегодишната Данка Илиќ . Тие беа донесени синоќа и по разговорот им беше одредена мерка притвор во полиција до 48 часа под сомнение дека помагале во злосторот, изјави началникот на УКП Нинослав Чмолиќ во утрисното гостување на ТВ Прва, пишува Телеграф.рс.
Осомничените за убиството на Данка, Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ, од синоќа се во притвор под сомнение за убиство.
Како што дознава Телеграф, Дејан во Обвинителството раскажал како се случила трагедијата. Срѓан се бранел со молчење.
Досега неофицијално се дознава дека Дејан ја возел „пандата“ на 26 март годинава, додека Срѓан бил на совозачкото место.
Чмолиќ на ТВ Прва изјави дека „возачот на автомобилот ја раскажал својата верзија на приказната, која се совпаѓа со онаа на сопатникот“.