СЛУЧАЈОТ ГРУБИ НЕ СМЕЕ ДА ЗАВРШИ ВО ФИОКА Вреди прашува – кој го одолговлекува случајот

Ова не е обичен предмет, туку едно од најтешките досиеја на системот на ДУИ, каде што политиката, бизнисот, лотаријата и власта биле измешани за приватни интереси, велат од партијата.

1

Случајот со Артан Груби се одолговлекува, додека граѓаните чекаат одговор. Човекот кој со години беше живата архива на ДУИ, човекот што знае каде се потписите, договорите, пазарите и аферите на старата власт, сè уште не се соочува со институционален епилог, велат од Вреди во денешното соопштение.

– Артан Груби, заедно со бегалецот Перпарим Бајрами, се сомничи за злоупотреби во вредност од 8 милиони евра во случајот „Државна лотарија“. Ова не е обичен предмет, туку едно од најтешките досиеја на системот на ДУИ, каде што политиката, бизнисот, лотаријата и власта биле измешани за приватни интереси. Затоа, прашањето што само по себе се наметнува е: кој го одолговлекува овој случај? Кој има интерес Артан Груби да молчи? Кој се плаши од тоа што може да открие архивата на ДУИ? – велат од Вреди.






Според партијата, во овој случај не може да се заобиколи ниту името на Ислам Абази.

-Јавноста добро памети дека Артан Груби вработил негова блиска роднина, а потоа ја префрлил во АЕК. Денес, кога случајот „Груби“ се движи со полжави чекори, граѓаните имаат право да прашаат дали ова е случајност или дел од мрежа што произведува заштита, молк и недопирливост -велат оттаму.

Од партијата бараат одговор и дејствување.

-Случајот „Груби“ не смее да заврши во фиока. Не смее да се претвори во нов пазар на политичкото подземје, бидејќи секое одолговлекување на правдата ја нарушува довербата на граѓаните и европскиот пат на државата – велат од Вреди.

Поврзани содржини