СЛАБ ПОТРЕС Земјотрес синоќа ги вознемири струмичани

190

Земјотрес со интензитет од три степени според Рихтеровата скала е регистриран синоќа во земјава во струмичкото подрачје.

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје синоќа во 23.33 часот регистрирала земјотрес чиј епицентар се наоѓа 120 километри југоисточно од Скопје и потекнува од епицентралното подрачје Струмица.






Земјотресот имал локална Рихтерова магнитуда ML3.0, а бил почувствуван од населението на Струмица, Валандово и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Поврзани содржини