СКОПЈЕ СЕВЕР Е ВО ГОЛЕМА ГРАДЕЖНА ОФАНЗИВА Се реконструираат улици, тротоари, паркинзи…
Денеска ја завршивме реконструкцијата на вториот крак на улицата Боро Менков. Реконструкцијата ги опфати и тротоарите, како и паралелните паркинзи. Ги реконструираме и сите пристапни патеки до зградите - објави градоначалникот на Општина Бутел Дарко Костовски.
Градоначалникот на општина Бутел Дарко Костовски информира за голема градежна офанзива која се спроведува со силна динамика во населеното место Скопје Север, во која ќе бидат вложени повеќе од 60 милиони денари, или околу милион евра.
„Денеска ја завршивме реконструкцијата на вториот крак на улицата Боро Менков. Реконструкцијата ги опфати и тротоарите, како и паралелните паркинзи. Ги реконструираме и сите пристапни патеки до зградите.
Со оваа реконструкција се опфатени зградите на улиците Боро Менков, Костурска, Лазо Москов, Гоце Стојчевски. Наскоро ќе се реконструира и улицата Костурска заедно со двата големи паркинг – простори и пристапни патеки.
Исто така, за првпат ќе се изгради и тротоар за безбедно и непречено движење. Ова е најголемата градежна офанзива која се одвива во Скопје Север“ – пишува градоначалникот Костовски на неговата Фејсбук-страница.