СЕВЕРНА КОРЕЈА ИМ СЕ ЗАКАНИ НА САД ПОРАДИ ПРОДАЖБАТА НА РАКЕТИ НА ЈУЖНА КОРЕЈА Трамп го кани Џонг Ун на состанок

Северна Кореја е свесна за ваквите закани и ќе одговори сериозно, веднаш и силно на непријателски акти во различни сфери, порача Пјонгјанг.

22

Северна Кореја ја осуди одлуката на САД да продаде ракети на Јужна Кореја и најави силен и непосреден одговор на непријателските потези на Вашингтон. Овие пораки ги пренесе севернокорејската државна агенција KCNA.

Оваа реакција од Пјонгјанг доаѓа откако американскиот претседател Доналд Трамп повторно го поканува севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун на состанок. Трамп претходно овој месец изјави дека Џонг Ун одговорил на неговиот предлог, но аналитичарите велат дека официјален Пјонгјанг не покажува голем интерес за продолжување на разговорите.






„Уште еднаш се уверивме во отворено непријателскиот став на САД кон Северна Кореја“, се вели во соопштението на портпаролот на министерството.

Реакцијата се однесува на одлуката на американскиот Стејт департмент за можна продажба на тактички ракети AIM-9X Sidewinder и сродна опрема на Јужна Кореја. Тој договор, вреден 125 милиони долари Пјонгјанг го смета за нова закана за нееговата безбедност.

Северна Кореја, исто така, го критикуваше планот на САД да финансира документирање на нејзината евиденција за човекови права и собирање информации за земјата. Тие тврдат дека ова е дел од кампања насочена кон дестабилизација на нивниот општествен систем.

Портпаролот истакна дека оваа година Вашингтон веќе одобрил продажба на разни системи за оружје на Јужна Кореја, како што се напредни тактички ракети, поморски и напаѓачки хеликоптери и прецизни бомби. Тој додаде дека САД со тоа го охрабруваат Сеул да ги зајакне своите борбени капацитети.

„Со оглед на забрзаната воена интеграција на САД и нивните сојузници во Азиско-пацифичкиот регион, не можеме да го игнорираме негативното влијание на продажбата на оружје од страна на САД на Република Кореја врз регионалната безбедност. Северна Кореја е свесна за ваквите закани и ќе одговори сериозно, веднаш и силно на непријателски акти во различни сфери, додаде портпаролот.

Поврзани содржини