СЕ РАЗГЛЕДУВА МОЖНОСТА ЗА РЕСТАРТИРАЊЕ НА РАФИНЕРИЈАТА „ОКТА“ Мицкоски не очекува застои во снабдувањето со горива

Премиерот вели дека со оглед на тоа што продуктоводот е во функција и рафинеријата е физички поврзана со Солунското пристаниште, постои можност во иднина да се транспортира сурова нафта, која потоа би се преработувала во горива.

17

Владата бара од сопствениците на „Окта“ да ја разгледаат можноста за активирање на рафинеријата во услови на светските предизвици со снабдувањето со дизел, изјави денеска премиерот  Христијан Мицкоски.

Мицкоски очекува наскоро да добие информација дали и во кој рок производството би можело да продолжи, бидејќи прашањето било покренато на состанокот со најголемите трговци со нафтени деривати и горива, меѓу кои и со раководството на „Окта“.






Според него, со оглед на тоа што продуктоводот е во функција и рафинеријата е физички поврзана со Солунското пристаниште, постои можност во иднина да се транспортира сурова нафта, која потоа би се преработувала во горива.

– За жал, рафинеријата од 2012 година не е пуштена во погон. Таа е затворена, се прави во моментот дефектажа и очекувам многу скоро да добијам информација од раководството на „Окта“ дали, и за колку време, евентуално би можела рафинеријата да биде ставена во функција – рече Мицкоски.

Во однос на снабдувањето со гориво, тој рече дека нема причина за загриженост од недостиг до крајот на годинава, а не се очекуваат застои и во текот на следната година.

Поврзани содржини