ФИРМИТЕ ЌЕ СЕ „ЧЕШЛААТ“ ЗА ХТЗ, ХИДРАНТИ, ЗАШТИТНА ОПРЕМА… По трагедијата со работниците, Кисела Вода побара вонреден надзор

Доколку се утврдат неправилности или пропусти, ќе следува соодветна одговорност, вели градоначалничката Бети Стаменкоска – Трајкоска.

16

По трагичниот настан на територија на Општина Кисела Вода, во кој едно лице го загуби животот, а три лица се повредени, градоначалничката Бети Стаменкоска – Трајкоска соопшти дека Општината иницирала вонреден инспекциски надзор со вклучување на сите раководители од надлежните сектори.

– Надзорот ќе опфати сеопфатна контрола на безбедносните услови, вклучително и проверка на противпожарната опрема, и сите стандарди за користење на заштитна опрема. Општината целосно соработува со институциите и ќе постапи согласно сите наоди и препораки. Доколку се утврдат неправилности или пропусти, ќе следува соодветна одговорност. Апелираме до јавноста и до сите општествени чинители на воздржаност и одговорност, како и да се избегне ширење на непроверени информации и политизација, додека институциите ја завршуваат својата работа – вели градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.

Таа најавува дека Општина Кисела Вода ќе продолжи да ја информира јавноста веднаш по добивање на официјално потврдени информации.

Еден градежен работник загина, а тројца беа повредени, во петоокот, 24 април, при одрон на земја на градежна локација во Кисела Вода.

ЕДЕН ОД ЗАТРУПАНИТЕ РАБОТНИЦИ ЗАГИНА, ТРОЈЦА СЕ ПОВРЕДЕНИ Медицински извори ја потврдија смртта

Поврзани содржини